Наставничката Весела, една од 50 најдобри во светот, со силни критики за „реформата“ во МОН

Учителката Весела Богдановиќ, одделенски наставник од ОУ „Кочо Рацин“ село Ивањевци, Могила која во 2014 година влезе во изборот од 50 најдобри наставници во светот организиран од фондацијата Варки Џемс, остро удри по Мила Царовска и новата реформа во образованието.

Имено таа преку статус на Фејсбук напиша дека се срами од сите „глупости“ кои ги прави Министерството за образование и наука во врска укинувањето на хартиените учебници.

Ало МОН јас се срамам од сето ваше лутање од глупост во уште поголема глупост. Има ли кој да Ве сопре? Има ли пилот во авионот или возач со дозвола за чамец не лета?, прашува таа.

Весела Богдановиќ своите први чекори кон квалитетно образование ги направила со фондацијата „Чекор по чекор“, кога како студент, во 2000 година, присуствувала на обуката за примена на воспитно-образовната методологија Чекор по чекор во основните училишта во Македонија. Од тогаш, таа е најдобриот застапник на методологијата која е насочена кон детето и извонреден ентузијаст кој постојано се усовршува и во својата секојдевна пракса применува најсовремени наставни методи. Иако 12 години работи во малото селско училиште „Кочо Рацин“, во селото Ивањевци, општина Могила, нејзините ученици секојдневно истражуваат, учат низ игра и учат со помош на информатичката технологија, како да се наоѓаат во некое одлично училиште во високо развиените земји, соопштуваат од фондацијата „Чекор по чекор“.