ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесоа кривични пријави против спикерот Џафери и двајцата пратеници

Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите, истакна во вторникот пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, информирајќи го новинарите дека опозицската коалиција предводена од нејзината партија поднела кривични пријави за собранискиот спикер Талат Џафери и двајцата пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ во неделата ги прекршија епидеиолошките прописи и мерки и иако позитивни на коронавирусот дојдоа во парламентот.

Пратеничката од владејачката СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска и пратеникот од коалициската ДОМ, Мирослав Богдановски, се обвинети и од пошироката јавност дека сториле кривично дело откако во неделата и покрај тоа што се позитивни на коронавирусот и според законот треба да бидат во самоизолација се појавија во Собранието, загрозувајќи го здравјето на колегите и другите вработени во македонскиот парламент.

Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, коишто се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава.

„Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава. Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно“, истакна Панова.

Објасни дека кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој, како што рече, овозможил да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на Covid-19. Кривична е поднесена и против двајцата пратеници.