Скандал: Богдановиќ во кафеана за време на полициски час! (ВИДЕО)

Додека секојдневно граѓаните добиваат казни за непочитување на протоколи и мерки поради пандемијата со коронавирусот, правилата на игра се чини дека не важат за функционерите од власта.

Имено, иако во тек се поригорозни мерки, како, полициски час и затворени угостителски објекти, се чини дека за градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, се прави исклучок, бидејќи тој вечерва е фотографиран во ресторан во Дебар Маало, во друштво со уште неколкумина други.

За споредба, против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се водеше хистерична медиумска и политичка хајка, кога инспекција влезе во ресторан во кој се наоѓаше Мицкоски, а  во сила стартуваше забраната за вршење на дејност на угостителските објекти во внатрешноста, односно беше овозможено фунционирање само на т.н. летни тераси.
Иако, Мицкоски самиот призна дека бил внатре во ресторанот, но не бил доволно информиран за новите протоколи и е подготвен да плати парична казна за тоа.