Многу критики имаше Пол Џорџ после лошото издание во текот на минатогодишниот плеј-оф, имаше проценки дека екс играчот на Индијана и Оклахома не може повеќе да се смета за ѕвезда во НБА лигата.
Но, сето тоа крилниот кошаркар го претвори во мотивација и оваа сезона може ги дава најдобрите партии во својата кариера.
Доцна синоќа го урна Портланд со 33 поени, а во април е на просек од 28,8 поени по меч. Иако Клиперси на нешто повеќе од една минута до крајот на средбата имаа негатива, популарниот Пи Џи врза шест поени, го сврте резултатот и донесе важна победа за неговата екипа – 113:112.
На спротивната страна за Трејл Блејзерси блескаше Си Џеј Меколум со 28 поени, пет помалку запиша Норман Пауел.
НБА лига, резултати –
Атланта Хокс – Орландо Меџик 112:96
Њу Орлеанс Пеликанс – Бруклин Нетс 129:134
Њујорк Никс – Шарлот Хорнетс 109:97
Портланд Трејл Блејзерс – Лос Анџелес Клиперс 112:113
Сакраменто Кингс – Минесота Тимбервулвс 120:134
https://www.youtube.com/watch?v=o7CwTEoOWJA&feature=emb_title