
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 689 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 103 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 35, Кавадарци 58, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.641 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 689 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 3 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 64 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 286 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 53 болни.
Вкупно 689 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.