Играчот за кој Богдановиќ вели дека вчера го сместувал во хотел, настапил за Работнички уште на 17 април

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ демантираше дека вчера за време на полициски час седел во кафеани. Тој истакна дека сместувал гости во хотел дојдени од Белград како и новиот кошаркар на КК Работнички, Иван Аска.

„Го сместивме Иван Аска, новиот играч на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ. За брзо време почнуваме со нашето засилување во Градски Парк“, сподели Богдановиќ вчера на Фејсбук.

Но, Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17 април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика и за 17 минути игра постигнал 4 поени во поразот на Работнички од 79-83, објави Страна.мк.

IMG-20210421-WA0000.jpg