
Во Берлин во средата се собрале околу осум илјади демонстранти кои браат укинување на епидемиолошките мерки чија цел е запирање на ширењето на епидемијата на коронавирусот и се противат на промената на Законот за заштита од заразни болести кој на сојузната влада на Германија ѝ дава поголеми овластувања при носењето мерки, за што во средата подоцна треба да се гласа во Бундестагот.
Припадниците на движењето на таканареченото Кверденкер (Querdenker – во слободен превод: оние кои размислуваат надвор зададените рамки), повикаа на протести во близина на Бундестагот и претседателската палата којашто се наоѓа во близината.
Поради непридржувањето на мерките како одржување на физичко растојание и носење заштитни маски, полицијата до пладнето привела повеќе од 40 учесници на протестит.
Поради наводното општо непридржување на мерките се разгледува забрана на натамошните протести. Управниот суд во Берлин претходни ја потврди забраната за неколку од повеќето пријавени протести, со образложение дека може да се очекува дека учесниците нема да се придржуваат до мерките кои го условуваат одржувањето на протестите.
Противниците на мерките сакаат да спречат изгласување на промените на законот кој на централните власти би им овозможило единственото воведување на мерките во борба против коронавирусот при седумдневната инциденца поголема од 100. Досега за спроведување на мерките биле надлежни сојузните покраини, што доведе до различен пристап кон мерките од покраина до покраина.
За противниците на мерките особено е спорно воведувањето на мерката полициски час од 22 до 5 часот. Изгласувањето на законот со мнозинството на демохристијанско-социјалдемократската влада се очекува во текот на денот, а законот потоа во четвртокот мора да го потврди долниот дом на германскиот парламент Будесрат.