ПС Струга поднесе кривична пријава против Ш.К.(32) од Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.10.2013 година, од страна на полициски службеници од ПС Струга извршен е преглед над истиот при што е пронајден еден грам мешавина од тутун и марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(23) и С.В.(37), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а С.В. е пријавен и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 21.05.2014 година, од страна на полициски службеници е извршен претрес на домот на А.С., при што се пронајдени и одземени 0,19 грама хероин. На 07.07.2014 година, при извршен претрес на домот и помошен објект на С.В. се пронајдени и одземени 5,72 грама хероин, метална вага, 2.500 денари и 11 куршуми различен калибар. Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.