Затворската полиција е одговорна за бегството, ние постапивме по протокол, велат од Кривичен суд

Од Основниот Кривичен суд Скопје за веста дека избегало осомничено лице кое се спроведувало до судот, ја информира јавноста дека станува збор за настан што се случил надвор од Судот, а не во неговите просториите, за што е задолжена затворската полиција.

-Имено, се работи за обвинет кој бил спороведен во Судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, појаснуваат од Кривичен суд.

Воедно, во соопштението посочуваат дека за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната Казнено поправна установа и МВР.