(ФОТО) Хурем султан не го покажува партнерот, ама ги покажа ќерките

Германската актерка со турско потекло Марием Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, се породи на 8 јануари годинава и роди ќерка која таа и нејзиниот избраник ја нарекоа Лили Кои.

Убавата актерка ја има и седумгодишна ќерка Лара, која ја роди за време на нејзината љубовна врска со Кан Атеш.

Триесет и седумгодишната Марием реши да им ја претстави својата мала наследничка на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, чие лице го покажа за прв пат.

Имено, гордата мајка позираше држејќи ги своите наследнички во рацете, а прекрасната семејна фотографија за кратко време собра голем број лајкови.