Розберг уште две години во Мерцедес

Лидерот во генералниот поредок во Фоемула 1, Германецот Нико Розберг уште две години ќе настапува за тимот на Мерцедес. Тој официјално го потпиша новиот договор пред старто на трката за ГН на Германија. 

Многу сум горд што ќе го возам болидот на Мерцедес и во наредните две години. Многу ми требаше да стигнам до тука и среќен сум што челниците на тимот го нахградија мојот труд. Моментално сум лидер во првенството, а се надевам дека на крајот ќе успеам и да го подигнам победничкиот пехар, изјави Розберг.

Германецот во тимот на Мерцедес се пресели од Вилијамс во 2010 година и оствари шест победи , 17 пати беше на подиумот, а имаше и осум пол позиции за Сребрените стрели.