
САД испратија авион од типот „P-8 Poseidon“ за помош во операцијата за потрага и спасување на подморницата на индонезиската воена морнарица која исчезна во морето кај Бали, додека бледеат надежите за 53 члена на екипажот коишто во саботата според пресметките ќе останат без кислород.
Индонезиската воена морнарица соопштио дека во средата испратила хеликоптери и бродови за пребарување на областа во којаште е загубен контактот со исчезната подморница „KRI Nanggala-402“.
Австралија, исто така, распореде опремена фрегата со хеликоптер за помош во потрегата по подморницата, а фунционери на тамошните морнарици изјавија дека бродови се на пат од Индија и Сингапур, бидејќи расте загриженоста дека подморницата би можела да се распадне под притисокот на водата.
„Ќе мора да се разгледа можноста дека подморницата паднала под своката максимална длабочина на нурнување, што доведува до имплозија на пловилото“, зијав Колун Кох, научни од австралискиот Институт за одбрана и стратешки студии.
Иднонезиски функционери во петокот изјавија дека „подморницата сѐ уште е цела и дека екипажот ќе има доволно воздух до саботата утрото“ по локално време.
„Со сета достапна опрема би требало да можеме да пронајдеме каде подморницата се наоаша“, изјаи портпаролот на индонезиската армија Ашмад Риад на прес-конференцијата,.
Кох додаде дека е „претпоставкате дека подморницата имала 72 часа килсород била оптимистичка, имајќи ја предвид ограничената способноста на подморницата да генерира кислород поради своето конвенционално создавање енергја…“ , како и дека “постои можноста дека веќе снемало кислород“.