НБА: Победи на ослабените ЛА Клиперс и на Голден Стејт, Вестбрук граби кон рекорд

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќта кон саботата ја впишаа четвртата победа по ред на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 109:104, додека Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 118:97 славеше над фаворизираните Денвер Нагетс.

Клиперс усепаја да го надоместата заостанувањето од 7 поени на почетокот од последната четвртина, благодарејќи на серијата од 11:2. Реџи Џексон постигна 13 од своите 19 поени во последната четвртина за тимот од Лос Анџелес кои настапија без Каваи Леонард, Патрик Беверли, Серж Ибака, Маркус Морис и Реџон Рондо.

Најефикасен кај Клиперс и на мечот беше Пол Џорџ со 33 коша и 14 скокови, додека Џон Вол со 27 коша и 13 асистенции, Крис Вуд со 24 коша и 19 скокови и Кели Олиник со 23 поени и 10 скокови постигнаа Рокетс за кои ова беше третиот последователн пораз.

Екипата на Голден Стејт Вориорс славеше на домашен терен над фаворитот Денвер Нагетс со 118:97. Стеф Кари мечот заврши со 32 поени , осум скока и три асистенции. Кели Обри Џуниор додаде 23 коша а Ендрју Вингс 19, додека Дрејмнонд Грин подели 19 асистенции. Кај поразените најефикасен беше Мајкл Портер Џуниор со 26 поени, а ѕвездата на Нагетс, Никола Јокиќ го заврши мечот со 19 поени и по шест скока и асистенции.

Во Њујорк, Бруклин Нетс со 109:104 ги совладаа Бостонс Селтикс и сега имаат половина меч предност пред Филаделфија 76ерс во Источната конференција. Џо Харис во победата на Нетрс уфрли 20 коша, а Џеф Грин додаде 19 поени. Кајри Ирвинг имаше извонредно лоша вечер – промаши 15 од 19 шута, а мечот го заврши со 15 коша, 11 асистенции и 9 скокови, додека новакот во лигата Пејтон Причард постигна 22 поени од кои шест од „тројки“.

Атланта Хоукс на својот паркет со 118:103 ги надиграа Мајами Хитс, а до победата ги предводеше Богдан Богдановиќ со 21 кош и 8 асистенции. Џон Колинс додаде 20 поени, а Данило Галинари и Брендон Гудвин по 17 за Атланта. Кај Мајами најдобар беше Кендрик Нан со 21 кош.

Мемфис Гризлис на гости со 130:128 ги победија Порталнд Трејл Блејзерс, а Џа Морант за победата на својот тим постигна 33 коша со 13 асистенции. Мемфис сега се приближи на натпревар ипол заостанување зад Портланд во борбата за седмото место во Западната конференција. Демијан Лилард постигна 27 коша а Јусуф Нуркиќ со личниот рекорд сезонава со 26 коша и 17 скокови, за Трејл Блејзерс за кои ова е четвртиот пораз во низа.

Вашинтон Визардс со 129:109 ги победија Оклахома Сити Тандерс, а Расел Вестбрук стаса до уште еден „трипл-дабл“ со 37 коша и по 11 скокови и асистенции. За Вашингтон ова беше седма последователна победа, а за Тандерс ова е 13-ти пораз.

Вестбрук со тоа се приближи на само седум натпревари од рекордот на Оскар Робертсон според бројот остварени „трипл-дабл“ во кариера, и сега ги има 174.

Бредли Бил додаде 33 коша за Вашингтон, додека Тандерс најдобри беа Дариус Бејзли и Тео Маледон со по 20 коша.

Шарлот Хорнетс со 108:102 беа подобри од Кливленд Кавалирс, а до победата ги предводеше Мајлс Бриџес со 25 коша и 10 скокови.

РЕЗУЛТАТИ

Атланта Хоукс – Мајами Хитс 118:103
Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 109:104
Шарлот Хорнетс – Кливленд Кавалирс 108:102
Хјустон Рокетс – ЛА Клиперс 104:109
Оклахома Сити Тандера – Вашингтон Визардс 109:129
Портланд Трејл Блејзерс – Мемфис Гризлис 128:130
Голден Стејт Вориорс – Денвер Нагетс 118:97

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Бруклин Нетс 40 20 .667 –
2. Филаделфија 76ерс 39 20 .661 0 1/2
3. Њујорк Никс 33 27 .550 7
4. Бостон Селтикс 32 28 .533 8
5. Торонто Репторс 25 34 .424 14 1/2

Централна дивизија

1. Милвоки Бакс 36 22 .621 –
2. Индијана Пејсерс 27 31 .466 9
3. Чикаго Булс 25 34 .424 11 1/2
4. Кливленд Кавалирс 21 38 .356 15 1/2
5. Детроит Пистонс 18 42 .300 19

Југоисточна дивизија

1. Атланта Хоукс 33 27 .550 –
2. Мајами Хитс 31 29 .517 2
3. Шарлот Хорнетс 29 30 .492 3 1/2
4. Вашингтон Визардс 26 33 .441 6 1/2
5. Орландо Меџикс 18 41 .305 14 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

1. Феникс Санс 42 17 .712 –
2. Лос Анџелес Клиперс 43 19 .694 0 1/2
3. Лос Анџелес Лејкерс 35 24 .593 7
4. Голден Стејт Вориорс 30 30 .500 12 1/2
5. Сакраменто Кингс 24 35 .407 18

Југозападна дивизија

1. Далас Маверикс 32 26 .552 –
2. Мемфис Гризлис 30 28 .517 2
3. Сан Антонио Спарс 29 29 .500 3
4. Њу Орлеанс Пеликанс 26 33 .441 6 1/2
5. Хјустон Рокетс 15 45 .250 18

Северозападна дивизија

1. Јута Џез 44 15 .746 –
2. Денвер Нагетс 38 21 .644 6
3. Портланд Трејл Блејзерс 32 27 .542 12
4. Оклахома Сити Тандерс 20 40 .333 24 1/2
5. Минесота Тимбервулфс 16 44 .267 28 1/2