Караџовски и партизираната Комисија за заразни билести загризија илјадници животи дозволувајќи инфицирани пратеници да дојдат во Собранието

Која е задачата на Комисијата за заразни болести, да ги заштити граѓаните од корона вирусот, или да ги загрози? Дали една таква комисија треба да биде во служба на политичките игри на власта или во служба на граѓаните?, се прашува во текстот на Курир.мк

Според она што го гледаме изминатава година, а особено изминативе два-три месеца, очигледно е дека Комисијата за заразни болести прави се, само не го заштитува населението. Сите мерки и препораки кои досега ги донесоа се онакви какви што ги бара Владата, без разлика на епидемиолошката состојба во Македонија.

Потврда за тоа е пописот кој требаше да се случи во април, како и последниот скандал кога дозволиле пратеници позитивни на коронавирус да ја напуштат изолацијата и да се појават во Собранието.

По неколкудневен молк, собранискиот спикер Талат Џафери конечно откри дека претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски дал дозвола, односно потпишал одобрување дека пратениците од владејачката коалиција Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ иако позитивни на Covid-19 да одат на работа во парламентот.

Тука не само што беа прекршени Законот за заштита на населението од заразни болести, туку и директно беа загрозени здравјето и животите на пратениците и вработените во Собранието. Ако се има предвид дека секој пратеник на дневна основа има постојани средби со странки, тогаш можеме да заклучиме дека Караџовски со тој потег ги загрозил животите на илјадници сограѓани кои тие денови имале контакт меѓу себе.

Да биде иронијата поголема, тоа е оној истиот Караџовски кој излегуваше на прес конференции да го прекорува народот дека бил неодговорен и не ги почитувал мерките. Ваква неодговорност и непромисленост од човекот кој треба да истапи прв во заштита на граѓаните е недозволива.

Сепак, не е неочекувано. Караџовски како и Комисијата за заразни болести не сакаа да се одважат и да кажат дека попис среде трет бран на пандемијата не треба да се случи. Напротив, тие молчеа и дури подготвија протокол како да се одвива пописот, наместо да дадат препорака истиот да не се случи. Наместо да се свестат дека тоа ќе беше погубно за граѓаните, тие одлучија да застанат на страната на власта која по цена на загубени животи сакаше да има попис.

И да не беше лидерската средба тој попис ќе се случуваше во ситуација кога дневно имаше над  илјада заразени и педесет починати од коронавирусот.

Но, не е само тоа. Ако се има предвид дека сите мерки ги носат доцна дека одложуваат редовни состаноци, како и свесно дека дозволија да се прошири британскиот сој корона вирусот, можеме да заклучиме само едно, а тоа е дека Комисијата за заразни болести и нејзиниот претседател Жарко Караџовски, повеќе функционираат како партиски огранок, наместо како лица кои први треба да ги заштитат граѓаните.