Првиот случај на зараза со индискиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, кој се смета дека е причина за острото ширњето на епидемијата и рекордните бројки дневни зарази во Индија, е откриен во Швајцарија, објавија во саботата тамошните здравствени власти.
„Првиот случај на индискатата варијанта на коронавирусот е откриен во Швајцарија“, објави преку Twitter швајцарскотот државно Биро за јавно здравство со кусо објаснување дека случајот е откриен кај патник во транзите на еден од швајцарските аеродроми.
Швајцарија во моментов разгледува можност Индија да ја вброи меѓу земјите од висок ризик, и да биде ставена на нејзината „црвена листа“. Лицата кои во Швајцарија стасуваат од земјите од „црвената листа“, по доаѓањето мора да минат десетдневен карантин.
Веста следеше откако властите во Белгија во четвртокот објавија дека во оваа земја индискиот сој на коронавирусот е откриен кај 20 ученици од Индија кои имале позитивен тест на оваа мутација. Беше објавено дека станува збор за група млади лица кои во Париз допатувале со авион на 12-ти април.
Прв случај на сојот Β.1.617, односно мутација на коронавирусот која е доминантна во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, соопштија грчките власти во четвртокот. Претходно оваа варијанта е откриена во Велика Британија и Германија.
Иднискиот здравствен систем жестоко се справува со новиот бран на епидемијата во земјата, што делумно се припишува на новиот сој на „двојно мутирачкиот“ вирус, попознат како B.1.617 кој има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R.
Властите на многу земји кои се загрижени од ширењето на оваа мутација го затворија влегувањето на своите територии за лица кои пристигнуваат од Индија, и привремено ги запреа воздушните врски со оваа земја.