Полицискиот час да почнува од 21 часот и да трае до 05 часот, како летните тераси на угостителските објекти да се отворат е предлогот на Комисијата за заразни болести по состанокот утрово, информираат од Комисијата.
Според најновите информации одлуката веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб. Предлогот е доставен до Владата која треба да закаже седница и да одлучи дали ќе ги прифати новите мерки.
Во изминатите три недели во нашата земја имаше полициски час од 20 часот, и забрана за работење на угостителските објекти.