
Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за вчерашниот општонароден мировен протест „Слобода за Уставобранителите“ кој се поврзува со неправедно осудените од случајот 27-ми април и потенцираше дека случајот со 27 претставуваше совршен кастинг на Вилма Русковска да смисли како да ја уцени опозицијата, но за жал не успееја во тоа.
„Случајот со 27-ми април беше еден совршен кастинг кој и требаше на Вилма Русковска едно седум месеци да смисли како да го направи, да ги поврзат сите конци во таа цела нитка за да може да послужат да ја уценат опозицијата. Но, секако не успееја во тоа. Во врска со 27-ми април она кое не се заборава е горчливиот вкус на неправдата, а знаете како и задоцнетата правда е неправда затоа што овие години не може никој да им ги врати на тие луѓе“, истакна Василевска.
Посочи дека луѓето кои беа дел од тогашните настани се патриоти и претствуваат мирољубив народ.