
Во последниот натпревар од 33-то коло од англиската фудбалска лига во понеделникот вечерта, Лестер Сити со 2:1 го совлада Кристал Палас зацврстувајќи се на третото место на табелата.
Кристал Палас поведе во 12 минута со погодокот на Вилфрид Заха, но „Лисиците“ во продолжувањето направија резултатски пресврт со головите на Тимоти Кастање во 50 и Келечи Ихеначо во 80 минута.
Ихенаќо во последните 14 натпревари за Лестер во сите натпреварувања постигна 14 погодоци. Претходно до бројката 14 голови стаса дури по 76 натпревари.
Лестер со оваа победа се зацврсти на третото место со 62 бодови, четири повеќе од четвртопласираниот Челз, а на врвот се водечкиот Манчестер Сити со 77 и Манчестер Јунајтед со 67 бодови. Кристал Палас се наоѓа на 13-то место со 38 бодови, 13 бодови повеќе од зоната на испаѓање.