Вакцинирани против Covid-19 се 88 пратеници од Собранието и околу 200 вработени во собраниските служби, соопшти денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.
Втората доза од вакцината на „Спутник V“, пратениците треба да ја примат на 14-ти мај, додека службениците неколку дена претходно.
Другите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.
Во соодветен термин ќе бидат и ревакцинирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од СОЗР кои се распоредени на работа во зградата на Собранието.