Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 111 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 70 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 82 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 85 пациенти, во Прилеп 77, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 29, Кавадарци 38, а во Гевгелија 16 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1334 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.