Италија ја поздрави одлуката на Франција за процесуриање на членовите на Црвените бригади

Италијанскиот премиер Марио Драги изрази во средата задоволство од одлуката на Франција на барањето од Рим да започне судска постапка со цел да ѝ бидат предадени на Италија поранешни членови на терористичката групација Црвени бригади.

„Лицата уапсени во Франција се одговорни за многу тешки терористички злосторства и раните кои сѐ уште се отворени. Сеќавањето на овие варварски злосторства сѐ уште е живо во свеста на Италијанците“, истакна во кусата изјава италијанскиот премиер Марио Драги.

Францускиот претедател Емануел Макрон одлучи да го реши спорот со Рим во врска со поранешните припаднции на левичарската групација Црвени бригади кои во Франција добија азил, наредувајќи апсење на сите десетмина, од кои седдум се приведени, а по тројца се трага. Сите тие се осудени во Италија се осудени за смртоносните терористички напади изведувани во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век.

Одлуката за израчувањето на десетте лица „на барање на Италија која на почетокот бараше 200 поединци“, е во рамките на ткн „доктрина Митеран“ (според поранешниот социјалистички франциски претседател Франсоа Митеран, кој беше на власт од 1981 до 1995 година) од 1985 година, со којашто беше одличено дека азила може да имаат само припадниците на Црвените бригадите кои немаат окрвавени раце.

Екстрадицијата на припадниците на групата од екстремната левица кои се засолните од прогонот во Франција по ткн „Оловни години“ одбележани со атентати и насислатва со коишто Црвените бригади ја тероризираа италијанската држава од 1969 до 1982 година, е договор на долгогодишното барање на Италија на коешто Франција досега не одговараше задоволително.

Од 1981 година во Франција се поптишани само две уредби за израчување, и тоа во мандатот на претседателот Жак Ширак, па Паоло Персичети кој е екстрадиран во 2002 година, а Чезаре Батиса кој требаше да биде израчен во 2004 година, но побегна во Боливија којашто го предаде дури во 2019 година.

Во 2008 година, тогашниот конзервативен француски претседател Николас Сарози одлучи дека нема да ја применува одлугата за израчување на поранешната припадничка на Црвените бригади, Марина Петрела, осудена во Италија на доживотен затвор, пораи нејзината лоша здравствена состојба.

Но Петрела е меѓу седумте лица приведени во средата рано утрото, наведува италијанската полиција. Правосудните тела сега треба да одлучуваат за нивните екстрадиции, за секој случај засебно.

Во средата се приведени и Џорџо Петростефани, Нарцисо Маненти, Роберта Капели, Енџо Калвити, Џовани Алимотни и Серџо Торнањи, а Маурицио Ди Марцио, Луиџи Бергамин и Рафаеле Вентура сѐ уште не се пронајдени.

„Ова е невидено предавство од страна на Франција. Огорчена сум и немем зборови со коишто би ја опишала оваа операција која случна на мини-рација. Од 1980-те години овие луѓе се под заштитата на Франција, изграија животи тука, имаат деца, внуци… и ги бараат 40 години откако се изврешени делата? Тое е нечуено“, зијави адвокатата Ирене Терел која застапува петмина од седумте приведдени поранешни членови на Црвените бригади.

Радикалната младина заедоена со револуционерниот романтизам и убедена дека се бори против фашизмот сееше терор во Италија во споменатиот период, формирајќи насилни групи на екстремната левица, од кои Црвените бригади беа најцврсто структуриани и одговорни за убиства на синдикалисти, судии, новинари, полицајци и функционери. Во италијанската јавност и денес се чести шпекулациите дека зад нивното несвесно организрање, сепак, стоеле тајни служби на некои западни земји.