
Владата на Израел одобрила повик на дополнителни 8.000 резервисти за помош на воената операција долж границата со Појасот Газа.
Претходно беа повикани 48.000 резервисти, со што вкупниот број на мобилизираните изнесува 56.000.
Мобилизацијата започна врз основа на одобрението на Владата за воената операција, чија цел е спречување на ракетирањето на Израел од Појасот Газа.
Резервистите се потребни да ги заменат регрутите на Западниот брег и да овозможат да се распоредат долж границата со Појасот Газа.