![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/dozd.jpg?resize=282%2C179&ssl=1)
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 22 до 34 Целзијусови степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер. Температура ќе достигне до 32 Целзијусови степени.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
За време на викендот времето ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат значително повисоки.