Веќе во јуни „BioNTech“ очекува одобрување од ЕУ за вакцина за деца од 12 до 15 години

Германската биотехнолошка лабораторија „BioNTech“ насекоро ќе предаде во Европскта унија барање за одобрување на својата прва вакцина против Covid-19 за деца на возраст од 12 до 15 годни и очекува дека би можело да биде одобрена веќе во јуни.

„Во Европа сме во последата фаза прад да ги предадеме податоците за клиничките испитувања во Европската агенција за лекови (ЕМА) и постпакта би требало да трае четири до шест седмици“, вели соосновачот и директор на лабораторијата Угур Сахин за германското списание Der Spiegel.

Вакцината против коронавирусот којашто по развојот во „BioNTech“ ја произведува и дистрибуира американската компанија „Pfizer“ е одобрена само за лица на возраст од 16 години и повеќе.

На почетокот од април „BioNTech“ и „Pfizer“ во САД предадоа барање за проширување на итното одобрување на вакцината за адолесценти од 12 до 15 години.

Барањата за одобрување се засноваат на податоците од клиничко испитувања во третата фаза за оваа возраст објавени кој крајот на март кои „покажаа дека вакцината е 100-процентно ефикасна“ во спречувањето на болеста, оценуваат во лабораторијата.

Покрај тоа, вакцината „добро се поднесува и нус-појавите се генерално слични на оние какви што се забележани“ кај лицата од 16 до 25 години“, додаваат од „BioNTech“ и „Pfizer“ во соопштението,

За децата од 5 до 12 години Сахин и натаму се потпира на резултатите од клиничкото испитување кое ќе биде спроведено во јули и останува при планираното одобрување во септември.

„Резултатите од истажувањата за децата на помала возраст би можело да бидат на располагање во ептември. Проверката трае четири до шест седмици“, додава Сахин.

Во средата Сахин, кој заедно со сопругата Озлем Туречи е коосновач на лабораторијата во Мајнц, оцени дека „колективниот имунитет во Европа е можен во јули, најдоцна во авгут“, и изрази „доврба во ефикасноста“ за индискиот сој на коронавирусот.