
Едно лице е убиено на повеќе се ранети во судирите меѓу киргистанските и таџикистанските безбедносни сили на заедничката граница кои избувнаа во средата вечерта, а локалното население од двете страни се каменувало меѓусебно во спорот околу резервоар за вода, објавија во четвртокот властите на свете земји.
Судирите избувнале во средата доцна вечерта на границата меѓу таџикистанската северна провинција Сугд и киргистанската јужна провинција Баткен, поради спорот околу резервоар за вода и пумпна станциа сместена на реката Исфара, за коај и двете земји тврдат дека е нивна.
Жителите од двете страни на границата фрлале камени едни на другите пред судирите да ескалираат и двете страни да започнат да разменуваат оган ноќта кон четвртокот, се наведува во соопштенијата на министерствата за одбрана на двете централноазиски земји, поранешни советски републики.
Во престрелките двајца државјани на Таџикистан се тешко ранети а уште седуммина се ранети полесно, а на киргистанската страна настрадале 16 лица а има еден загинат.
Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан соопшти дека во престрелката на границата учествувале воени единици на двете страни, и ја обвини таџикистанската страна и додава дека со минофлрачки и ракетен оган го гранатирала спорниот резервоар со вода и мостот на поранешната нејзина територија. Таџикистансите власти наведуваат дека овој објект припаѓа на нивната земја и ги обвинија киргистанските сили за отворање оган врз таџикистанките граничари.
Бирото на киргистанскиот претседател Садир Јапаров објави дека одржал итен состанок на кабинетот и формирал работна група за решавање на судирот. Во спортниот дел од киргиско-таџикистанската граница периодично избувнуваат конфликти меѓу локалното население или граничарите на двете земји. Главната причина се деловите од територијата каде што е невозожмно да се утврди каде минува границата меѓу државите.