
На северот на Португалија во четвртокот беше отворен најдолгиот висечки мост за пешаци на светот над реката Паива, и според упатените „не е за оние за слабо срце“ бидејќ воси меѓу два бетонски столна на 175 метри над земјата.
Мостот е долг 516 метри и е подолг од висечкиот пешачки мост наречен „Europabrücke“ (Европски мост) кој го носи и името на Чарлс Квон, еден од спонзорите на конструкцијата, поставен во 2017 година во швајцарските Алпи кој го држеше досегашниот рекорд.
Мостот во Швајцарија е долг 494 метри и е на височина од 85 метри, а претходно најдолгиот висечки мост во светот беше 405 метри долгиот мост во Реуте во Австрија кој виси 110 метри повисоко над земјата.
Португалскиот мост се наоѓа во општината Арука, по којашто го носи името „516 Arouca“, а го држат челнични кабели. Градењето започна во 2016 година, но работите на мостот беа своевремено намерно запрени. Новиот мост виси меѓу два огромни бетонски столба, а самиот мост е направен од челични кабли кои се стеснуваат малку во средината. Дното е проѕирно за да овозможи поглед во клисурата, иако не секој ќе ужива во тоа. Погледот, исто така, е овозможен и низ челичните кабло на страните, што на мостот му дава целосно отворен карактер и го нуди погледот кон водопадот.
„Иако мостот беше завршен пред извесно време, ова свечено отворање е важно бидејќи ни овозможува повтроно да започенеме со туристичките активности“, изјави градоначалниката на Арука, Маргарида Белем, оценувајќи дека мостот претставува „клучна атракција“ за регионот.
Мостот виси над импозантниот водопад Агиеираш во клисурата Паива, низ која протекува реката Паива.
Мостот 516 Арука е изградена во геопаркот Арука. Тој е дел од Европската мрежа на геопаркови на УНЕСКО. Геопаркот Арука е геолошко наследство, особено, поради многуте фосили пронајдени овде. Паркот Арука е популарен меѓу љубителите на природата и ентузијастите, зашто во него може да се ужива во пловење со кану и кајак, како и планинарење.