Лига Европа: Рома потопена на „Театарот на сништата“, Вилјареал со предност оди во Лондон

Manchester United and AS Roma at Old Trafford in Manchester, Britain, 29 April 2021. EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манечестер Јунајтед и на Вилјареал остварија предност во првите натпревари од полуфиналните соочувања во Лига Европа, совладувајќи ги на своите терени Рома, односно Арсенал.

Вилјареал, кој го ира своето четврто европско полуфинале, беше на чекот поубедливо да зачекори кон својот прв пласман во финале на некое европско натпреварување. По еден час игра на својот „Мадригал“ имапе предност од два гола и играч повеќе.

Веќе во 5 минута од мечот Вилјареал поведе со голот на Мануел Тригерос по убавиот продор и асистенцијата од Чукаезе, а во 30 минута Раул Албиол остана сам на три метра од противничкиот гол по изведениот коренер и обидот за удар со глава на Жерард Морено, и не му беше тешко да ја затресе мрежата на Арсенал.

Кога во 57 поради два жолти картона кај гостите од игра беше исклучен Дани Себаљос, се чинеше дека лондонските „Топчии“ се во безизлезна ситуација. Но гостите ја добија својата шанса за враќање во мечот, прво кога Сака беше соборен во домашниот шеснаесетник а пеналот во 73 минута го реализираше Никола Пепе, а потоа и кога во 77 минута односот на силите на теренот беа израмнети по вториот жолт картон кој го заработи домашниот играч Етјен Капу. Но резултатот до крајот на мечот не се менуваше, па останува отворено прашањето на вкупниот победник за реваншот во Лондон по една седмица.

 

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ предводен од одличните Бруно Фернандеш и Единсон Кавани беше непрокосновен во дуелот со Рома која ја прегази со 6:2. Португалецот и Уругваецот постигнаа по два погодока со по две асистенции и практично го доведоа својот тим во големото финале.

Јунејтед поведе во 9 минута токму со погодокот на Фернандеш и тоа по одличната акција во која учествуваа и Пол Погба и асистенот Кавани. Рома до полувремено направи резултатски пресврт, бидејќи поради играњето со рака на Погба во својот шестнасетник беше досуден пенал за римската „Волчица“ кој го реализираше во 15 минута Лоренцо Пелегрини а во 35 минита Един Џеко погоди од пет метри на асистенцијата на Пелегрини, а најважниот потег во оваа акција ја изведе Мхтаријан кој го проигра асистентот.

Иако водеше со 2:1, Рома во полувреме имаше и многу малери, бидејќи ѝ се повредија дури тројца играчи, играчите од средината на теренот Жордан Верету и Леонардо Спинаѕола како и голманот Пау Лопез, на чии места во игра влегоа Гонзало Виљар, Бруно Перез и Антонио Миранте. Со тоа Рома стана првиот тим кој заменил тројца играчи во текот на првото полувреме во натпревар на Лига Европа од сезоната 2009/2010.

А тоа „Црвените ѓаволи“ го наплатија во вториот дел кога се чинеше дека само нивните играчи се на теренот. Израмнувањето се случи веќе во 48 минута кога Кавани најбрзо реагираше на одбиената топка откако Миранте го одбрани ударот на Ван-Бисака кој беше одлично проиран од Фернандеш. Кавани го доведе Манчестер во водство во 64 минута, а водството го удвои Фернандеш во 71 минута од пеналот кој го избори Кавани, а последните два погодока ги постигнаа Погба во 75 минута на аистенција на Фернандес и Мејсон Гринвуд во 86 минута на додавање од Кавани.

Бруно Фернандеш стана првиот играч на Манчестер Јунајтед кој постигнал девет погодоци во една сезона во некое европско натпреварување, откако во Лигата на шампионите во сезоната 2002/2003 Холанѓанецот Руд ван Нистелрој постигна 14 погодоци. Исто така, Португалецот го реализираше 20-от пенал во составот на Манчестер Јунајтед, а во историјата на клубот само Ван Нистелрој со 28 и Вејн Руни со 27 реализирале повеќе удари од „белата точка“.

Според сѐ судејќи, реваншот на римски „Олимпико“ по седум дена ќе биде само формалност.

Севркупните победници ќе играат во финалето во полски Гдањск на 26-ти мај.