Вархеи во вторник ќе ги посети БиХ, Црна Гора и Македонија

Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи, следната недела ќе го посети Западен Балкан, за да го обележи доаѓањето на првите вакцини против COVID-19 од Европската унија за регионот.

Вкупно 651,000  дози на Фајзер –Бионтек ќе бидат испорачани во регионот од мај до август, а со кои треба да се забрза вакцинациијата воз емјите од Западниот Балкан, пред се на здравствените работници.

ПАТУВАМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА ДА ПРЕНЕСАМ ЈАСНА ПОРАКА: СЕ ГРИЖИМЕ! НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ И ЗА НИВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ. ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНИТЕ ЈА ПОТВРДУВА НАШАТА ПОСТОЈАНА ПОСВЕТЕНОСТ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ПОДДРШКА, КАКО ШТО ТОА ГО ПРАВИМЕ УШТЕ ОД ИЗБУВНУВАЊЕТО НА ПАНДЕМИЈАТА. ПОСИЛНИ ЗАЕДНО! , ПОРАЧА ВАРХЕИ.

Вархеи в понеделник попладне ќе ја посети Србија, по што в вторник ќе следат Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, и Албанија и Косово в среда.

Вакцините од ЕУ се финансирани од пакет вреден 70 милиони евра, усвоен од Европската комисија во декември 2020 година, а со помош на Австрија дистрибуирани до партнер од Западен Балкан.