Министерот за здравство Веко Филипче во денешнето гостување на телевизијата Канал 5, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се вакцинира, изјави дека тоа може да се случи во текот на неделава со вакцинатата што веќе пристигна во голем број, кинеската „Синофарм“.
-Би сакал да дадам пример и да ги уверам граѓаните дека е вакцината е безбедна. Мислам дека е соодветно тоа да биде со кинеската вакцина, заради тоа што таа сега е во најголема бројка на граѓаните, така да може да го организираме тоа и оваа недела која следи, рече Филипче.
Филипче додаде дека до крајот на месецот мај ќе стигнат уште вакцини од производителот „Фајзер“, како и 500.000 дози што ќе стигнат во мај од вакцините на „Синовак“.