
Традиционалната македонска песна „Македонско девојче“ прва е на пописот на песните кои ќе се најдат на новиот албум на оснивачот на „Дивље јагоде“, легендарниот гитарист Зеле Липовача. Во својот препознатлив стил, емотивно и искрено, Зеле го спои ориенталниот звук на македонското поднебје и звукот на гиратата. Работниот наслов на новиот албум е “You Are the Wind and I’m the Flame” и ќе биде објавен наесен., под етикетата на „Кроација рекордс“. Последниот, трет соло албум, Липовача го објави 2016 година под насловот “Internal Waves of Love” .
„Македонско девојче“ не може да помине без познатите музички браќа Гаро и Диран Тавитјан на тапани и на клавијатури и Александар Јовевски на кавал. Официјалниот спот ќе се снима во Скопје.
Песната е снимана во студиото Парамециум во Скопје и во студиото Шишмиш во Велика Горица.
Регионалната промоција на новиот албум на „Дивље јагоде“ – „Jukebox“ лани не го заобиколи ниту Скопје. Имено, основачот на „Јагоде“ – Зеле Липовача на 26-ти февруари, се дружеше со новинарите, пријателите и фановите во новоотворениот Avalon Music & Ticket Store.
Прилика за добра музика, автограм и фотографирање со еден од најважните автори и гитаристи на музичката сцена од Вардар до Триглав, човекот кој ги напиша: „Krivo je more“, „Jedina moja“, „Ne želiš kraj“, „Autostop“, „Motori “, „Šejla“, „Zauvijek tvoj“, „Marija“…
„Сè што сонував како момче и тоа што требаше да биде неисполнета бајка стана реалност. Значи, чуда се можни! По 40 и кусур години, албумот ‘Jukebox’ не е големо, но тој е секако мало чудо” – рече основачот, авторот на песните и гитарист на „Дивље јагоде“ – Зела Липовача, по повод новиот албум, во издание на Croatia Records .
Овој пат „Jukebox“ е симбол на нивните почетоци, пролазноста на времето, но и порака дека никогаш нема да ги заборават своите стари хитови и членови.
Концептот на овој албум е значително различен од сите претходни, а идејата за ваков проект потекнува од лојалните фанови на бендот. Сходно на тоа, на албумот „Дивље јагоде“ им беа домаќини на поранешните членови: Тони Јанковиќ, Младен Војичиќ Тифа, Санин Кариќ, Жанил Татај Жак, Ненад Бориќ и Един Шеховиќ Шеха, кои заедно со „Дивље јагоде“ слават 40 години постоење на овој неверојатен состав.