Гори Галичник, Армијата ќе го спасува со хеликотер

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над с. Галичник, околу 13.30 часот координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштиа на Галичник.

ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.