
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов на својот Фејсбук профил оддаде почит на големиот револуционер Гоце Делчев.
Тој вели дека Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на заедничката историја со Република Северна Македонија, заедничка историја која е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.
„Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!“, наведува Борисов.