
Индија извести во четвртокот за нов реорден број на случаи на зараза со короанвирусот во едно деноноќие од 412.262, и рекорден дневен број на починати од болеста Covid-19, во време кога вториот бран на епидемијата го преполнува здравствениот систем на земјата и се проширува од пренаселените градови во руралните области.
Во втората најнаселена земја на планетата бројот на коронаинфекциите надмина 21 милион, а досега како последица од компликациите предизвикани од Covid-19 починале 230.168 луѓе, според официјалните податоци на индиското министерство за здравство.
Во индиските болници недостигаат кревети и медицински кислород, а се проценува дека бројот на починатите е можеби пет до десет пати поголем од официјалните податоци.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во неелниот извештај дека во Индија се забележани речиси половина од сите сличаи на зараза со коронавирусот пријавени изминатата седмица во светот и четвртина од смртните случаи.
Епидемиолошката криза е најтешка во главниот град Њу Делхи, но и во другите голем градови, но во руралните области каде што живеат речиси 70 отсто од 1,3 милијарди Индијци ограничена е здравствената грижа и предизвикува уште поголеми предизвици.
„Ситуацијата во селата станува опасна“, изјави Суреш Кумар, теренски координатор на хуманитарната организација за човекови права „ Manav Sansadhan Evam Mahila Vikas Sansthan“.
Во некои села во коишто дејствува оваа хуманитарна организација во северната сојузна држава Утар Прадеш, во кој живеат 200 милиони луѓе, „има смртни случаи во речиси секоја куќа“, додава Кумар.
„Лушето се плашат и се собираат во своите домови со темепература и кашлица. Тоа се симптоми за Covid-19, но многумина мислат дека станува збор за сезонски грип, бидејќи нема достапни информации“, додава Кумар.
Главниот научен советник на владата на Индија предупреди дека е многу можен трет бран од епидемијата.
„Фазата три е неизбежна имајќи го предвид високото ниво на вирусот што циркулира. Но не е јасно кога ќе дојде оваа трета фаза… Мораме да се подготвиме за новите бранови“, изјави главниот владин научен советник Виџај Рагван на брифингот за новинарите во средата.
Премиерот Нарендра Моди е под удар на критиките поради тоа што поране не дејствувал за да се сузбие вториот бран, откако последните седмици верските прослави и фестивали како и политичките собири привлекоа стотици илјади луше и станаа случаи на „супер ширењето“ на вирусот.
Зголемувањето на заразите се совпадна и со драматичниот пад на вакцинирањето, поради птоблемите во производството и испораките, иако Индија е еден од најголемите светски производители на вакцини.