Повеќе од 817.000 заразени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во светот, а починаа околу 13.400 лица, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Повеќе од половина од новите случаи се откриени во Југоисточна Азија, вклучително и Индија (423.364). во Северна и Јужна Америка се потврдени 205.327, а 124.715 во Европа.
Најголем број случаи е регистриран во САД, повеќе од 32 милиони, по што следи Индија со речиси 22 милиони заразени и Бразил, каде се потврдени 15 милиони случаи.