Европската комисија по јуни нема да нарачува вакцини од „АстраЗенека“

Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека Европската комисија не ги обновила нарачките за вакцини од „АстраЗенека“ по јуни.

Европската комисија минатиот месец поднесе тужба против „АстраЗенека“ за непочитување на одредбите од договорот за испорака на вакцини против коронавирус.

Британско-шведската фармацевтска компанија е критикувана затоа што нема „сигурен“ план за овозможување навремено доставување на вакцините.