Десетици жртви во повеќе експлозии последните денови во Авганистан

Автобус во јужен Авганистан е разнесен во експлозија при што загинале најмалку 11 а ранети се повеќе десетици лица, сооштија во понеделникот откако претходно во неколку експлозии загинаа голем број ученици возраст во главниот град во Кабул, што се последните во низата смртоносни експлиозии од почетокот на повлекувањето на странските сили на почетокот на мај.

Крајпатната експлзија се случила доцна неделата ноќта по локално време во областа Шахр е Сафа во провинцијата Забул на авганистанскиот југ, изјави во понеделникот портпаролот на провинцискиот гувернер, Ѓул Ислам Сиал.

Според некои локални медиуми, во експлозијата загинале 16 лица, а повредени биле уште неколку патници.

Овој напад следуваше откако во саботата попладнето, најмалку три експлозии одекнаа во близина на гимназијата Сајед-ул-Шухада во западен кварт во главниот град Кабул. Најмалку 68 лица, сите ученци, загинаа а уште 165 беа ранети, објави во понеделникот авганстинската телевизиja TOLO News.

Никој засега не ја презема одговорноста за двата напада. Талибанските бунтовници веднаш не одговориле на барање за коментар од светските агенции.

Рано утрото во понеделникот, бомба експлодираше во минимус во провинцијата Парван, свердно од Канул, усмртувајќи две лица и ранувајќи уште деветмина, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи.

Насилството во Авганистан е во остар раст изминатите седмици откако САД потврдија дека до 11-ти септември ќе ги повлече своите војници, 20 години по терористичките напади на Ал Каеда во Њујорк и Вашингтон, што беше директниот повод за американската инвазија.

Талибабите доцна во неделата објавија дека ќе прогласат тридневно примирје за време на траењето на муслиманскиот празник Рамазански бјрам подоцна оваа недела.