Македонија издаде еврообврзница од 500 милиони евра

Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денес издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години, односно јули 2021 година, соопштуваат од Министерството за финансии.

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25  отсто, односно каматна стапка од 3,975 отсто на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал, се вели во соопштението од министерството.