Најмалку 24 загинати, меѓу нив и деца, во израелските напади во Газа

Министерството за здравство на палестинската енклава Појасот Газа извести за најмалку 24 загинати лица, меѓу кои и девет деца, кои се убиени во воздушните напади на израелската војска во вторникот утрото како одговор на лансирањето ракето од илсамистичкото движење Хамас кон Ерусалим.

Израелската војска во соопштението за јавноста тврди дека нападот го извела против вооружените групации, борбени позиции во Газа и напаѓачите откако палестинските милитанти, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ја минале „црвената линија“, истрелувајќи ракети во областа на Ерусалим.

Израелската војска објави дека палестинските милитанти истрелале околу 150 ракети врз областа на Ерусалим и јужен Израел. Одговорноста за ракетните напади ги презема Хамас и помалата милитантна групација Исламски џихад.

По ескалацијата на насилствата, Министерството за здравство во Газа соопшти дека во воздрушните напади на Израел врз Појас Газа загинале најмалку 24 лица, вклучително и девет деца.

Повеќе стотици Палестинци се повредени во понеделникто во некои судири со изралеската полиција на Платото на џамиите во источен Ерусалим, во продолжување на насилствата минатата седмица во Светиот град.

Новите судири дојдоа на Денот на Ерусалим, со кој според хебрејскиот календар се слави израелското освојување на Стариот град во источните делови на Ерусалим во Шестдневната војна од 1967 година. Тензиите изминатите седмици се зголемија и поради инсистирањето и закани за палестински семејства во кварот Шеик Џара во источен Ерусалим, за да се иселат и да го ослободат просторот за еврејските жители.

Во понеделникот вечерта во Истанбул и покрај „локдаунот“ се одржа протест, на кој учествуваа покрај локалното турско население и Сиријци и Палестинци, носеа палестински знамиња и извикува „Турски војници во Газа“ и „Долу Израел, долу Америка“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за растечкото насилство разговараше со лидерите од блискоисточните и централноазиските земји. Според соопштението од неговиот кабинет, на јорданскиот крал Абдула турскиот претседател му рекол дека „нечовечните“ напади врз Палестинците биле насочени против сите муслимани и додал дека Турција и Јордан би требало да работат заедно за да се запрат овие напади.