Двајца малолетници настрадаа по пад од мопед кај Стајковци

Во понеделникoт вечерта околу 19.50 часот било пријавено дека на локалниот пат мешу скопските села Брњарце и Стајковци, мопед „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Стајковци, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на кого му е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Стајковци, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.