Заев го постави Србинот Обрадовиќ за директор на ЕЛЕМ трејд?

Како што се чини желбата на премиерот Зоран Заев се исполни. Неофицијално дознаваме дека Србинот Александар Обрадовиќ станал директор на ЕЛЕМ трејд, ќерка фирма на ЕСМ за трговија со струја.

Се обидовме да ја потврдиме веста, но на нашeтo прашање се уште нема одоговор од компанијата.

Да потсетиме дека првобитно Заев сакаше Обрадовиќ да го назначи за генерален директор директор на ЕСМ, под притисок на јавноста се откажа од таа намера, но затоа го задржа како премиерски советник.

Како што велат извори од ЕЛЕМ, Обрадовиќ сакал да се вработат 10-тина негови луѓе, заради тоа се подготвувала нова систематизација во фирмата.

Кој е Александар Обрадовиќ?

Обрадовиќ е поранешен директор на ЕПС – Електропрвивреда Србија, најголемата државна фирма која вработува 35 илјади работници, која под негово водство во 2015 година бележи загуба од 10, 5 милијарди динари, тоа се близу 90 милиони евра.

За Обрадовиќ се поврзуваат повеќе афери, поради што лично е сменет од тогашниот премиер Александар Вучиќ.

На душа му се ставаат неосигурувањето на компаниите од поплави, заради што ЕСП претрпува штета од 300 милиони евра во 2014 година кога Србија ја зафатија поплави.

Троши 10 милиони евра за советници кога компанијата бележи загуба од 20.000.000 евра во 2013 година, иако затоа има потенцијал во сопствените редови.

Судир на интереси, бидејќи тендерот го добива фирмата во која тој претходно работел.

Потрошил многу пари за лого на ЕСП -21 милион динари и 20,9 милиони за маркетиншка кампања.

Купување на две ауди возила во време на штедење.

Прави дипломатски скандал со Кина.

Има уште неколку сомнителни акции од негова страна.

Целиот текст може да го проследите на слениот ЛИНК