Убиство кај велешката гимназија

Попладнево околу 17 часот во дворот на велешката Гимназија е пронајдено машко тело на лице на возраст од околу 90 години. На местото на настанот се полициски увидни екипи и јавен обвинител. Засега нема официјални информации на настанот, пишува „Утрински весник“.

Телото го пронашла жена која минувала низ паркот. 

„Близу до главата на човекот имаше голем камен, кој во еден дел беше крвав. Главата на старецот беше многу повредена, како да беше удирана со каменот. Не можеше да се препознае, толку беше лоша сликата. Викнав врза помош, дојде докторката и му го напипа пулсот, но не даваше знаци на живот и му ја покри главата со бела ткаенина“ – вели еден сведок.

За него е чудно што телото било подалеку од клупа каде тој најверојатно седел и таму се наоѓал бела машка шапка. Блиските на починатиот кои го идентификувале велат дека станува збор за Јован Ц.