Скопјанец најден мртов во својот дом

Во вторникот околу 17,40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во својот домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат 58-годишниот Н.К. од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.