Претпладне сончево, попладне дожд, ветер и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува и околу пладне и попладне повторно ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови повторно ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Засега само в недела се очекува стабилно време, но температурата во овие денови што следат ќе биде во постепено покачување.