ВИДЕО| Израел трупа сили по должината на границата со Газа, ракетните напади и воздушните удари ескалираат

Израел трупа копнени сили по должината на границата со палестинската енклава Појасот Газа во четвртокот, а палестинското исламистичко движење Хамас кое управува со енклавата изведе нов ракетен напад врз јужните делови на еврејската држава во атмосфера кога не се согледува брзо прекинување на најжестокиот конфликт меѓу двете страни по повеќе години.

Сирените за тревога од воздушни и ракетни удари во Тел Авиви во текот на изминатата ноќ повеќепати се огласуваа, а звуците на проектилите осборувани од израелскиот противракетен систм „Челична купола“ го параа небото додека илјаници Израелци трчаа во засолништата, пренесуваат медиумите.

До мугрите во четвртокот Израел изведуваше воздушни удари врз цели во палестинската крајбрежна енклава, уништувајќи станбена повеќекатница среде градот Газа.

Додека светските сили и меѓународната заедница ги повторуваат повиците за смирување на тензиите, бранот насилства меѓу Евреиуте и арапското малцинство продолжува да се шири во неколку израелски градови со напади врз синагоги и арапско-еврејски судири на улиците.

Најмалку 72 лица, од кои десетина деца, се убиени во Газа откако насилствата ексалираа во понеделникот, наведува министерството за здравство на палестинската енклава. Здравствените власти во Газа велат дека истражуваат и загинувања на неколку луѓе во текот на изминатата ноќ кои можеби вдишале отровен гас. Приероците се испитуваат и сѐ уште не се донесени конечни заклучоци. Седум лица, од кои едно дете, се убиени во палестинските ракетирања врз Израел, соопшти израелската армија.

Израел ги подготви борбените сили по должината на границата со Газа и е во „различни фази од подготовките на копнени операции“, изјави воениот портпарол. Овој потег потсетува на сличните упади на израелската војска во енклавата во текот на војните во 2014-та и претходно во 2008/2009 година.

„Командантот на главниот штаб ќе спроведе инспекција на подготовките и ќе даде насоки… имаме седипте на дивизија и три маневраски бригади во Газа кои се подготвуваат за таа ситуација и разни непредвидливи случаи“, изјави полковникот Јонатан Конкрикус.

Во средата израелските сили убија високо позициониран командант на Хамас и бомбардирале неколку згради за кои тврдат дека се командни центри на движењето, како и банка за која Израел тврди дека е поврзана со активности на милитантите. Хамас од своја страна покажа пркосење со изјавата на својот челник Исмаил Ханијех кој порача дека „Конфронтацијата со непријателот нема граници“.

 

Тензии во Ерусалим, насилстава во Израел

Израел ја покрена офанзивата откако Хамас истрале стотици ракети врз Ерусалим и Тел Авив како одмазда за судирите меѓу израелските полицајци и Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим во текот на мислиманскиот свет месец рамазан.

Судирите ексалираа во пресрет на судското рочиште, сега одложено, кое може да резултира со иселување на палестински семејства од домовите во квартот Шеик Џамра во источен Ерусалим, на коишто право полагаат еврејски доселеници.

Ракетирањата врз Тел Авив и Ерусалим преставувува нов претставува нов предизвик за Израел во конфронтацијата со Хамас, кој Израел и САД го вбројуваат како терористичка организацијата.

Палестинскиот извор рече дека напорите на Египет, Катар и Обединтетите нации за постигнување примирје не донеле напредок во запирање на насилството.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика претседателот на Палестинската самоуправа, Нахмуд Абас, и рече дека Вашингтон „презема напори за постигнување мир“ со сите релевантни страни, пренесе службената палестинска новинска агенција WAFA, Движењето Фатах на Абас е ривал на Хамас, и неговата власт е ограничена само на другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан).

Судирите, исто така, поттикна насилство во Израел, каде што дел од припадниците на арапското малцинство организираа насилни пропалестински протести.

Медиумите известуваат за ширење на улични напади врз Евреите, во средата и во раните утрински часови во четвртокот. Жителите на градовите, вклучително и крајбрежното гратче Акра на северот на Израел, изјавуваат за медиумите дека стравуваат да излезат од своите домови.

 

„Израел полудел“

Во градот Газа се уништени две станбени повеќекатници и облакодер во кој канцеларии имале медиуми, меѓу кои и еден поврзан со Хамас, откако Израел го повикал станарите да се евакуираат пред воздушните удари, а упште еден објект е значително оштетен.

„Изреал полудел“ изјавил за Reuters маж на улица во Газа каде што луѓе бегале од своите домови додека експлозии ги треселе зградите.

И многумина во Израел, исто така, бегале во засолништата пред баражниот ракетен оган. Повеќе воздухопловни компании, меѓу кои и „British Airways“, „United Airlines“, „Delta Air Lines“ и „American Airlines“ ги откажаа сите летови за Тел Авив.

„Целиот Израел е нападнат. Многу е застрашувачка ситауцијата во којашто се наоѓаме“, изјавила Марго Ароновиц, 26-годишна студентка во Тел Авив.

Меѓу загинатите во Израел е војник убиен додека патролирал на границата со Газа и пет или шест цивили, меѓу кои две деца и еден индиски работник, соопштија властите.

Минситерството за здравство во Газа објави дека во енклавата се убидени 17 деца и шест жени. Израелската војска наведе во четвртокот дека околу 400 од 1.600 вкупно истрелани ракети од Газа не ги достигнале своите цели и веријатно предизвикале некои од палестинските цивилни жртви.

Судирот доведе и до замрзнување на разговорите на ривалите на премиерот Бенјамин Нетанјаху за составување коалиција за новата израелска влада која ќе го смени од позицијата по изборите од 23-ти март кои не дадоа јасен победник.

Иако последните проблеми се непосредната причина за ескалацијата на непријателствата, Палестинците се фрустрирани бидејќи нивните тежнеења за независна држава последните години претрпеа удари. Тоа ги вклучува и американското признавање на Ерусалим за главен и неделив град на Израел, американскиот план за запирање на судирите за кој сметаат дека е во полза на израелската страна и продолжувањето на градењето на доселеничките населби на териториите кои меѓународната заедница ги смета за палестински окупирани во Шестдневната војна од 1967 година.