Ибрахимовиќ го пропушта Европското првенство

Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ ќе паузира најмалку шест седмици порди повредата на левото колено  инам да патува на Европското првенство, пренесе во саботата италијанскиот спортски дневен весник  Gazzetta dello Sport.

Триесет идветгодишниот напаѓач на Милан се повреди на дерби дуелот против Јувентус на 9-ти мај.

Швеѓанецот бил прегледан од лекарот Вокер Мисахл, кој ја изведе врз него операцијата на вкрстените лигаменти поради што Ибахимовиќ паузираше меѓу април и ноември 2017 година, кога беше играч на Манчестер Јунајтед.

Добрата вест за популарниот Ибра е дека, сепак, овојпат операција нема да биде потребна.

За Ибрахимовиќ беше веќе извесно дека е завршена клупската сезона, а сега и настапот на претстојното Европско првенство, соопштија од шведската репрезентација.

Шведска првиот натпревар на ЕУРО го игра на 14-ти јуни против Шпанија во Севилја.