Јакна во војнички стил којашто американската пејачка Џенет Џексон ја носела во текот на турнејата под назив „Rhythm Nation“ во 1990 година е продадена на наддавање во петокот на Беверли Хилс за 81.250 американски долари, за сума повеќе од 20 пати повисока од проценетата пред аукцијата.
Кусата црна јакна со метални додатоци беше еден од водечките експонати на тродневната аукција на сценски костими и други сувенири и предмети кои Џенет Џексон ги собрала во текот на четириесетгодишната кариеара.
Турнејата „Rhythm Nation“ беше првата турнеја на Џексон како самостојна изведувачка.
Аукциската куќа Julien’s Auctions соопшти дека очекувала дека јакната ќе биде продаден за 4.000 до 6.000 долари. Името на новиот сопственик не е објавено.
Петкратната добитничката на најценетата музичка награда Греми, којашто во недела ќе наврши 55 години, продава повеќе од 1.000 костими кои го носела на сцените, турнеите, на црвените теписи и во музичките спотови.