Во Индија над 4.000 жртви на Covid-19, трупови пливаат во реките

Индија во неделата извести за помал порастио на дневните случаи на зараза со коронавирусот трет ден по ред, но бројот на починатите од болеста Covid-19 во последните 24 часа бил поголем од 4.000, па во земјата вкупно од почетокот на пандемијата има вкупно 270.000 смртни случаи.

Смртните исходи се зголемале за 4.077, додека заразени има уште 311.170 лице, што е најмал раст на дневните случаи во повеќе од три седмици, покажаа во неделата податоците презентирани од министерството за здравство. Вкупно бројот на заразените оваа седмица пораснал за повеќе од 2 милиона, а на починатите за речиси 28.000.

Масовниот втор бран на пандемијата во Индија започна во февруари, поради што крахираше болничкиот систем во земјата, со недостиг од резерви на медицински кислород и пренатрупаност на билниците.

Бројот на заразените постојани опаѓа во сојузните држави погодени од почетниот налет на пандемијата, како ишто се најбогатите држави Махараштра и северната држава Делхи, откако се воведени строги мерки.

Сојузните здравствени службеници во саботата изјавија дека вкупната стапка на позитивините на тестовите паднала на 19,8 отсто оваа седмица од 21.9 отсто минатата седмица. Тоа предизвика надежи дека дневниот број на новозаразените започнал да се стабилизира.

Но остро порасна бројот на заразените во сојузните држави како Тамил Наду на југот и во руралните области. Премиерот Нарендра Моди ги повика во саботата функционерите да ги зајакнат здравствени ресурси во руралните области и зајакнат надзорот, бидејќи вирусот брзо се шири во тие подраќја откако ги опустоши градовите.

Во некои индиски реки пронадени се фрлени тела на починати од Covid-19, се наведува во писмо на сојузната влада коешто било на увид на агенцијата Reuters во првото официјални признанеи за ваквата алармантна практика.

Според податоците на владиониот портал Co-WIN објавени во неделата, државата најголем производител на вакцини во светот имала вакцинирана повеќе од 40,4 милиони луѓе, или само 2,9, отсто од вкупно 1,35 милијарди жители.

Индија до јули ќе има 516 милиони дози од вакцините против Covid-19, рече во саботата министерот за здравство Харш Вардхан.