
Најмалку седум лица се удавиле откако туристички брод со 20 туристи се превртел на вештачко езеро во Централна Јава, објави локалната полиција во неделата, додавајќи е дека причина била преместувањето на патниците кон предниот дел за да направат „селфи“.
Началникот на полициајта на индонезиската покраина Централна Јава, Ахмед Лутфи, изјавил за медиумите дека несреќата се случила во саботата, откако сите патници се преместиле на предната страна на бродот за да снимат „селфија“, додека пловеле кон плутечки ресторан на средината од езерото.
Девет луѓе првично биле исчезнати, а 11 спасени веднаш по превртувањето. Седум лица, по пребарувањето, биле пронајдени мртви, а меѓу нив четири се деца.
„Ќе ја продолжиме операцијата на спасување за да ги пронајдеме другите двајца исчезнати“, рекол Лутфи.
Додал дека со бродот упровувало 13-годишно момчле и дека пловилото не било снабдено со безбедносна опрема, додека управата на езерото ги игнорирала протоколите за ограничување на посетителите во текот на пандемијата на коронавирусот.
Значително се зголемил бројот на посетителите во текот на петдневните празнувања, кои во Индонезија започнаа на 12-ти мај по завршувањето на светиот муслимански месец на постот Рамазан.