
Британскиот премиер Борис Џонсон сета дека во британското општество нема место за антисемитизам и дека британските Евреи не би требало да го трпат срамниот расизам, објави во неделата на Twitter.
Џонсон одговори на видеозапис објавен претходно во неделата на Twitter на кој се гледа како конвојот автомобили со палестински знамиња вози низ еврејската заедница во северен Лондон и преку мегафон испраќа антисемитски пораки.
„Во нашето општество нема место за антисемитизам. Пред еврејскиот празник Шавут стојам покрај британските Евреи кои не би требало да го трпат срамниот расизам каков што денеска видовме“, напиша Џонсон.
Неговиот помошник истакна дека „овој коментар, исто така, се однесувал на другите инциденти на антисемитизам во текот на викендот“.
Израелското-палестинско насилство во Газа од која се истрелуваат ракети врз Израел кој возвраќа со гранатирање на палестинската енклава ја достигна најлошата точка и покрај бројните жртви и мировните напори и натаму не стивнува.
„Без оглед на вашите ставови на судирот во Израел и Газа, нема оправдувањето за поттикнување на антиеврејска или антимуслиманска омраза“, изјави британскиот државен секретар за станбено згрижување, заедници и локална управа Робер Џенрик.
Британската метрополитенска полциија извести дека се „свесни за видеозаписите кои прикажуваат антисемитизам кој денеска попладнето се ширеше од колона авомобили во областа Сент Џионс Вид“ и дека „таквото однесување сигурно нема да биде толерирано“.