Избришан профилот на контролорот на летање на аеродромот Бориспол во Киев, кој на Твитер објави дека три минути пред да го снема од радар, Боингот 777 бил придружуван од два украински ловци.
Медиумите ширум светот ги цитираат твитовите на Шпанецот, кој се претставува како Карлос. Од друга страна, без претходна завршена експертиза,англискиот дневен весник Дејли Стар директно го прогласи виновникот за ова убиство – Русија.
„Нешто е скапано во државата. Данска за сигурно!“ е текстот што се појавува на многу сајтови. Од неодамна повеќе не е активен профилот на шпанскиот контолор, прашање е дали и тој сеуште „постои“?
Сепак, низ Интернет кружи скриншотот на неговиот последен твит, преведен на англиски на кој се гледа дека човекот е реален, со голем број следења и следбеници. Останува да видиме што се случи со твитерот но и со Карлос!